Со поклонување и бакнеж на раката Новак Џоковиќ и ја честита свадбата на Шарлин со принцот од Монако, Алберт. Тој поради обврските кои ги имаше не стигнал да биде присутен на свадбата, но ете сега помина неколку часа во нивно друштво, што судејќи според фотографиите задоволството било обострано.
Ноле седел неколку часа со кралското семејство од Монако, во вип ложата. Но, освен Ноле друштво им правела и познатата русинка Јелена Исимбаева, која е шампион во скок со стап.