Ноле побогат за 11 милиони долари?! :)

popara23 ноември, 20111min00
118096

Ѓоковиќ влезе во историјата како тенисер со најголема заработка во една сезона.

Доколку, српскиот тенисер број еден Новак Ѓоковиќ, вечерва победи на мечот против Давид Ферер во Лондон може да заработи повеќе од 11 милиони долари и да постави рекорд на заработувачка за една година.

Ноле досега заработил 10.969.803 долари, а досегашниот рекорд го држи Надал од 2010 година со заработени 10.200.000 долари, а Федерер во 2008 успеа да стигне до сумата 10.100.000 долари.

Најдобриот тенисер на денешницата Ѓоковиќ несака да зборува многу за заработените пари во 2011 година.

„Непотребно е јавно да се објавуаат сумите кои професионалните спортисти ги заработуваат. Незнам од друга страна зошто некои луѓе се зачудени од тоа и зопто го чувствуваат како некаков вид на неправда. Секој професионалец, па и спортистите, ја работат својата работа и платен е за тоа. Дали колку што треба, повеќе или помалку, не е наше да судиме“, изјавил Новак.

Кои се најбогатите тенисери?

  1. Роџер Федерер  65.174.935 долари
  2. Рафаел Надал  43.824.377 долари
  3. Новак Ѓоковиќ  31.042.760 долари
  4. Енди Родик  20.088.103 долари
  5. Лејтон Хјуит  19.004.446 долари
escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma