Носењето штикли е како оргазам :)))

21 октомври, 20110
2

Ги издолжуваат вашите нозе и ве прават гламурозна – не е ни чудно зошто жените толку многу сакаат да носат високи подпетици.

Славниот дизајнер на чевли Кристијан Лубутан верува дека штиклите имаат многу поголемо влијание на жените – делуваат на нивното либидо.

Според него кога жените ќе облечат чевли со високи подпетици, доведени се до состојба на оргазам. Во зависност од обувките жената може да се чувствува секси, шармантна, остроумна, духовита или страмежлива.

Кај мажите чевлите се само симбол на елеганција и богатство меѓутоа не навлегуваат во внатрешноста на карактерот како што тоа се случува кај жените.

Поради тоа славниот француски дизајнер на едни од најскапите обувки во светот , кога ги изработува своите чевли гледа прво добро да изгледаат и не толку дали се удобни, бидејќи жените ги интересира првично изгледот на чевлите. Дури и ако се многу неудобни за носење тие ги избираат оние чевли што добро изгледаат.  Според него удобноста е убиец на креативноста.

Дали ќе се согласиме со него или не, Лубутан знае што зборува, тој изработува чевли веќе 20 години, многу од славните личности ги носат неговите чевли бидејќи да се имаат вакви чевли со негов потпис е симбол на престиж.

Една од многуте негови фанови е Викторија Бекам. Таа за време на нејзината последна бременост скоро до крај гордо чекореше во неговите високи подпетици и покрај тоа што поради носењето високи штикли се зборуваше дека се здобила со болеста наречена дискус хернија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *