Брус Вилис (56) и Деми Мур (48) биле во брак 13 години и имаат три ќерки. Извори блиски на актерот тврдат дека Брус не можел да дозволи Деми да биде несреќна поради Ештон, бидејќи тој, наводно ја изневерил со русокосата Сара Лил.
И покрај тоа што Брус и Деми се развеле во 2000 година, тој се уште се грижи за нејзиното семејство.
“Тој полудел кога дознал дека Ештон ја изневерува Деми. Брус смета дека треба да му одржи една лекција на Ештон, и додал кој го вознемирува неговото семејство, ќе си има работа лично со него. Тој искрено му верувал на Ештон, а сега се спрема да му покаже како тој ги “решава” работитe.
Наводно Деми Мур сакала да се разведе, и веќе го посетила нејзиниот адвокат, додека Ештон се уште верува дека неговата сопруга ќе му прости.