Најголемите стадиони во светот :)

19 октомври, 20110
9

Стадионот “Rungrado May Day”

Се наоѓа во Северна Кореја со капацитет од 150 000 места. Изграден е 1989 година и е со форма на разцветан цвет.

Стадионот “Salt Lake”

Овој стадиум се наоѓа во Солт Лејк со капацитет од 120 000 места. Изграден е во 1984 година и главно се користи за фудбалски натпревари и атлетика.

Стадионот “Beaver”

Неговиот капацитет изнесува 107 282 места и се наоѓа во близина на “Државниот Универзитет на Пенсилванија”. Изграден е во 1960 но со помал капацитет, што со неколку реконструкции ја достигнува денешнава бројка на места.

Стадионот “Michigan”

Наречен е “Големата куќа”, ова е фудбалскиот стадиум на “Универзитетот на Мичиган”, изграден во 1927 година со капацитет од 72 000 места што со тек на време се зголемиле до 106 201 места.

“Estadio Azteca”

Овој стадион се наоѓа во Мексико Сити, Мексико. Ова е официјалниот стадиум на мексиканскиот национален фудбалски тим и мексиканскиот тим, “Клуб Америка”. Со капацитет од 105 000 места е најголемиот стадион во Латинска Америка и на петто место во светот.

Стадионот “Ohio”

Изграден е во 1922 година и со многу реконструкции до денес неговиот капацитет изнесува 102 329 места. На овој стадиум се одржуваат и бројни музички концерти.

Стадионот“Bryant-Denny”

Стадионот се наоѓа во Алабама со капацитет од 101 000 места.

Стадионот “Darrell K. Royal”

Се наоѓа во Тексас, од 1924 година. Капацитетот на овој стадиум изнесува 100 119 места.

Стадионот “Melbourne Cricket Ground”

Има многу спортски стадиони во светот со капацитет од по 100 000 места, но ние го избравме токму овој поради неговата старост, ова е најстариот од сите во листава, изграден е 1853 година со капацитет 100 018 места.

Стадионот “Neyland”

Се наоѓа во Тенеси со капацитет 100 011 места. За 79 години од неговата изградба до денес претрпел 16 реконструкции за зголемување на неговиот капацитет.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi