Најколоритните градови во светот :) „Све ми боје лепо стоје“ :))))

19 октомври, 20110
guanajuato-city

Некои градови се познати по својата елеганција, софистицираност и умерен вкус. Но некои градови се сосема спротивното – шарени, весели и по малку кич. Погледнете ги „папагалите“ помеѓу градовите низ светот:

Гванахуто е главниот град на истоименската мексиканска држава која се наоѓа во централно Мексико. Градот се наоѓа во долина и има тесни и долги улици, каде на повеќето места неможе да се разминат автомобили. Во овој град секоја година се оддржува фастивалот Сервантино, кој е посветен на писателот на „Дон Кихот“, Мигел де Сервантес. Народот кој живее во овој град вели дека градот има колку бои толку и легенди.

Вилемстад е главниот град на Куракао, кој се наоѓа на југоисточниот бред на островот Куракао на Карибите. Градот е поделен на два дела со заливот Санта ана, а во центарот ќе ве пречека интересна колонијална архитектура која е изградена под влијание на холандскиот стил. Гратскиот центар, со својата чудна архитектура и прекрасно пристаниште, е ставен под заштита на УНЕСКО.

Валпараисо е главен град на чилеанската провинција Валпараисо, која се наоѓа во истоимениот регион. Иако Сантјаго е официјалниот главен град на Чиле, националното чилеанско собрание се наоѓа во Валпараисо. Во овој град исто така се наоѓа музејот каде се чуваат сите важни државни историски документи. Најинтересниот дел е стариот град, каде ќе најдење шарени колонијални згради, цркви и музеи.

Едно од најстарите европски населби во Северна Америка е Сент Џонс, главниот град на Њуфаундленд и Лабрадор. Неговото име потекнува од прославата на празникот Свети Јован Крстител, бидејќи токму на тој ден Џон Кабот го здогледал брегот на Њуфаундленд. Архитектурата во овој град е различна од типичната канадска архитектура, а повеќето згради се зачувани од времето на колонијализмот.

Манарола е мало италијанско рибарско градче кое се наоѓа во реонот на италијанската ривиера познат како Пет земји (Cinque Terre). Името на овој реон се однесува на петте села кои меѓусебно се поврзани со патчиња: монтеросо ал Маре, Вернаца, Корниља, Манарола и Риомаџоре. Манарола е основана во 12 век во типичен шаренолик џеновезе стил. Ова селце е заградено со ридчиња од три страни, додека на едната страна излегува на море.

Вроцлав е главен град на долната силеанска војводина, полска провинција создадена во 1999 година. Во овој град ќе најдете многу историски и културни знаменитости и атракции. Гратскиот плоштад со околните ресторани и продавници е навистина прекрасна и шаренолика глетка. Најстарата знаменитост во Вроцлав е Островот на катедралата, каде се наоѓа познатата катедрала „Св. Јован Крстител“ и црквата „Светиот крст“. Овој град е познат како „Венеција на централна Европа“ бидејќи има 200 мостови.

Перуанската престолнина Лима се наоѓа на централното крајвбежје на оваа јужно американска земја. Лима е шарен, бучен, загаден град обвиткан со магла во поголемиот дел од годината. Центарот на Лима е прогласен за светско наследство и располага со огромна колекција на 16 вековни религиски институции, како прекрасниот манастир на Св Франциско. Празникот на Господарот на Чудата, кој е светец заштитник Лима, се прославува секоја година во октомври.

Стокхолм е град кој е стар преку 700 години и се протега на 14 острови на Балтичкото море. Самиот град претставува живописно космополитенско место каде се среќаваат модерната скандинавска архитектура, како и средновековните бајковити градби. Градот располага со многу зеленило и многу зданија изградени во барок стил. Најстарата зграда во шветската престолнина е Riddarholmskyrkan, односно Палатата на Стокхолм, која потекнува од 13 век. Тука е и Сотркирканската Катедрала, седиштето на епископот од Стокхолм.

Џаипур е најголемиот град во индиската провинција Раџастан. Градот е изграден во 18 век од страна на Саваи Џаи Синг, како првиот индиски град изграден по урбанистички план. Во обид да изгради безбеден и модерен град, Џаи Синг се консултирал со архитекти, математичари и научници. Градот е дизајниран по принципот на Шилпа Шастра, принцип кој се фокусира на удобноста и добрата среќа на граѓаните. Многумина архитекти од денешницата сметаат дека Џаипур е еден од најдобро испланираните градови во светот.

Утрехт е главниот град на најнаселената холандска провинција Утрехт. Четврт по големина во Холандија, а повеќе од 1/6 од жителите на овој град се студенти. Во историскиот центар ќе најдете одлични музеи и живописни згради и дворови, ресторани и прекрасни мали продавнички. Во градот има два главни театри, Кикер и Стадшоубург. Секоја година во овој град се одржува Фестивалот A/D Werf, посветен на модерните интернационални театарски претстави.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi