Нов iPhone во август?

23 јуни, 20110
iphone-5

Во форма на лизгач, во облик на солза, поефтин и само мала надоградба на веќе постоечкиот модел ќе биде новиот iPhone, кој најверојатно ќе биде претставен во наредните неколку месеци.

Иако, по прескокнувањето на традиционалниот датум на претставување на новите генерации на овие уреди кој е во јуни месец, се вели дека Apple, овој пат со сигурност ќе го чека септември, а многу американски медиуми говорат дека тоа ќе се случи во август.

Цитирајќи неименувани извори, американските медиуми тврдат дека Apple новиот уред ќе го претстави во средината на месец август, а за продажба ќе биде достапен дури по септември, кога ќе биде претставен и iOS 5, поради кој е одложено и самото претставување на новиот мобилен телефон.

Додека едни говорат дека  Apple ќе се одлучат за “радикално различен дизајн“, други велат дека драстични промени нема да има во тој поглед.

Она во што тврдењата на неколку медиуми се сопфаќаат е дека новиот iPhone ќе има камера од 8 мегапиксели, за разлика од 5 што го има iPhone 4, A5 чип, исто како оној што го има во iPad 2.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi