Тајниот албум на Ејми Вајнхаус, кој што пејачката го сними неколку месеци пред нејзината смрт, треба да се појави во декември, а спотот за новата песна “Our Day Will Come“ е веќе снимен.
Третиот албум на Ејми Вајнхаус, под називот “Lioness: Hidden Treasures” ќе биде објавен на 5-ти декември.
Песната што го најавува овој албум е “Our Day Will Come“. Всушност, оваа песна е обработка на песната која во шеесетите години ја изведоа Руби и Романтикс.
Необјавените слики кои беа пронајдени во куќата на починатата пејачка беа обработени од продуцентите Марк Ронсон и Салам Реми.
Еден долар од секој продаден албум ќе биде дониран во Фондацијата Ејми Вајнхаус, а собраниот фонд ќе биде наменет за помош на децата.
httpv://www.youtube.com/watch?v=CxYRbzGi8Rg