Нова модна линија на Викторија Бекам

popara2 јули, 20111min00
news_5122

Иако од почетокот ја опишаа како сериозна дизајнерка, Викторија Бекам привлече импресивен спој на светски познати личности кои се пронајдоа во нејзините креации.

Гвинет Палтроу, Опра, Мишел Обама, Оливија Палемро, се само некои од познатите дами кои во своите плакари поседуваат некоја креација потпишана од  Викторија Бекам.

Следниот бран на критики наменети за дизајнерката, е испратен поради  енормно високите цени кои се натпреваруваат со некои од светските компании со многу побогато наследство и посилни брендови, од она што е во моментов Викторија Бекам.

За да ја задоволи заинтересираноста за нејзините фустани таа ги змолчи критичарите. Викторија одлучила да претстави посебна линија наречена Victoria by Victoria Beckham. Првата колекција е врз основа на фустани инспирирани од 60-тите години.

Машни, разиграни принтови и доста релаксирана силуета е тоа што ја карактеризира нејзината прва линија, јасно дава до знаење дека била насочена на помладата популација која својата облека ја бара во повисоките продавници и брендови.

“Ова се фустаните што ги барав веќе некое време. Совршен летен фуста, нешто што е забавно, лесно за носење, нешто што е забавно и преку ден и ноќ”, пренесува Fashion. Цената на фустаните ќе се движи од 350 до 550 фунти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag