Српскиот тенисер Новак Џоковиќ добил понуда од компанијата за производство на играчки, Gold Toys да биде направена машка кукла со неговиот лик. Тој е на чекор од можноста да и биде момче на Барби.
Доколку Новак се сложи и ја прифати понудата, ќе биде рамо до рамо со Федерер и Надал, кои веќе имаат кукли со нивните ликови. Од компанијата се надеваат на позитивен одговор. Доколку тој потврди куклите ќе почнат веднаш да ги произведуваат во огромен тираж, а ќе бидат пуштени за време траењето на Wimbledon.