Новата песна на Бајага и инструктори “Ako treba da je kraj”

3 ноември, 20110
tri-koncerta-bajage-u-centru-sava

Бајага и инструктори го објавија на интернет новиот радио сингл, “Ako treba da je kraj”, моќна рок балада која го најавува нивниот нов албум кој треба да излезе во следните неколку месеци.

Заедно со продуцентот Воја Аралица, со кого го снимија претходниот албум, “Šou počinje u ponoć” (2005 година), Бајага и инструктори во октомври минатата година започнаа интензивно да работат на новиот материјал. Досега, успешно завршија седум песни, а останува да се довршат уште две или три песни за сеуште неименуваниот албум.

– Иако насловот на песната “Ako treba da je kraj” звучи фаталистички, всушност станува збор за оптимистичка љубовна песна. Секогаш е тешко да се објаснат неговите песни, и овде јас само би можел да кажам дека комбинацијата на текстот и музиката е феноменална.

Песната ” Ako treba da je kraj” има бавен ритамот и се карактеризира со заносен рефрен, гитара и сензуален женски глас. Посебен шарм на песната и дава пијаното и оргулите (во изведба на инструкторот Саша Локнер).

httpv://www.youtube.com/watch?v=7y3RjMEXBnw

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Korsan taksi - betasus giriş