Новиот модел на паметни телефони од компанијата RIM, ќе се појави во три верзии, а меѓу себе ќе се разликуваат во тоа кои стандарди ќе ги користат.
Сите три модели на BlackBerry Curve (9350, 9360, 9370), ќе бидат неверојатно тенки, само 11 милиметри.
Но во себе кријат процесор со 800 MHz, 512 MB RAM-a, 2,44 – инчи HVGA плус екран, петмегапиксели EdoF камера со LED блиц и VGA видео камера, Bluetooth, WiFi, GPS и NFC чип.
Долго очекуваните модели немаат од новата модерна технологија, екран на допир, но тоа не ги прави помалку атрактивни, имаат оперативен систем BlackBerry 7, батерија од1000mAh, 512 MB вградена меморија, (1 гигабајт во моделот 9370) и поддршка за микро SD (do 32 GB).
Цената за моделите се уште не е објавена. Уредите треба да бидат достапни на пазарот прво во Канада, кон крајот на овој месец, а до крајот на септември и низ целиот свет.
Погледнете го промотивното видео за моделите:
httpv://www.youtube.com/watch?v=OOmJ0aEZ1os