Басистот на групата U2, Адам Клејтон изјави дека излегувањето на новиот албум на U2 е одложено за во 2012 година. Причина за доцнењето е тоа што тие сфатиле дека немаат доволно време да се посветат на изборот на песните и нивното снимање. Со извинување, адам ја соопштил веста.
Освен оваа информација тој изјавил и дека ќе соработуваат со нови продуценти. Станува збор за Дејнџер Маусом и Ред Уан, продуцентот на Лејди Гага. Сакаме да правиме музика која ќе биде прифатена за пошироката маса, да не пуштаат во ноќните клубови, изјавил Адам.