Новиот дечко на Лејди Гага! Згоден алкохоличар:)))
Тајлор Кини успеал да го освои срцето на ексцентричната пејачка, а парот е во врска од Јули. Тајлор и Гага се запознале на снимањето на нејзиниот спот на песната “You and I” во кој глуми нејзин садистички дечко. Тејлор во тоа време имал друга девојка, не можел да одолее на шармата на најголемата поп-звезда на денешницата. Тејлор има 30 години, роден е во Пенсилваниа, а пред да одлучи да се занимава со глума студирал економија.
Моментално глуми во серијата “Дневници на вампирот” а покрај тоа се занимава и со манекенство. Инаку овој “момак “во минатото имал проблеми со алкохолот, а во 2002 бил дури и уапсен за нарушување на јавниот ред и мир. Алкохоличар или не, овој тип е гозба за очи, а сигурно сме дека Лејди Гага одлично ќе се справи со проблематичниот дечко, неа и онака не можеме да ја замислиме со некој нормален.