Сексипилната Скарлет Јохансон и ѕвездата од филмовите “Мамурлак“ Џастин Барт, се во врска веќе неколку недели, а во врската “стројник” била Бритни Спирс.
Актерите се уловени во текот на претставата “All New People” во Њујорк во која гостува Бритни Спирс, а тоа наводно и било првото заедничко излегување.
“За време на претставата повеќе гледаа еден во друг, отколку на сецената, а вечерта ја поминаа во ресторан во Њујорк. Тие се фасцинирани еден од друг…”, изјавил извор за американските медиуми.
Скарлет по прекинувањето на врската со Шон Пен е поврзана и со Џастин Тимберлејк и нејзиниот поранешен сопруг Рајан Рејнолдс.