Американската свемирска агенција НАСА објави дека најновата подвижна лабораторија – роверот наречен „Кјуриосити“ ќе се спушти на Марс 2012 год. во 154км широкиот кратер Гејл.
Функционерите на НАСА ја соопштија оваа долго очекувана вест после разгледување на 50 различни места на црвената планета, пренесува вашингтонската медијска куќа „Глас на Америка“.
Роверот „Кјуриосити“ чија изградба кошташе две и пол милијарди долари, би требало да биде лансиран во текот на оваа година, а неговата мисија ќе трае една марсовска, односно скоро две земски години.
Научниците ангажирани во тој проект кажуваат дека кратерот Гејл е изберен поради „посебно шареноликиот состав“ и можностите за истражување на различни услови во кои можеби има знаци на живот.
Научниците ќе користат инструменти на роверот за да откријат дали во тоа подрачје некогаш постоеле услови за настанување на живот. Подвижната лабораторија „Кјуриосити“ тешка е еден тон и ќе биде опремена со 10 специјализирани инструменти и камери за снимање фотографии и видео материјал со висока резолуција.
Кратерот Гејл името го има добиено по австралискиот астронаут Волтер Гејл.