
По неколку месеци шпекулирање кој ќе го облече славниот костим на човекот од челик, познат како супермен, кој треба да се најде во кино салите низ Америка во декември 2012 година, конечно и службено е објавено дека тоа е Хенри Кавил. Изјавата на режисерот Снајдер е дека тој е горд што ќе биде дел од враќањето на супермен на големото платно и дека Хенри е одличен избор за главната улога, како и претпоставките дека оваа улога ќе му биде отскочна даска во напредокот на неговата кариера.