Ново откритие :) Марко Поло никогаш не бил во Кина! Епа да не бил во Атина? Таму сите „енглези“ се прават :)

popara11 август, 20111min00
markopolo

Група италијански археолози го доведе во прашеање автентичноста на подвигот на еден од најголемите истражувачи во историјата, Марко Поло. Тие тврдат дека тој никогаш не ја видел Кина, ниту пак Далечниот Исток, ниту пак дека отишол подалеку од Црното Море.

Магазинот „Фокус Сторија“ ги објавил наодите на овие археолози, кои ги истражувале патувањата на Марко Поло и се сомневаат дали тие биле вистините. Според нивните сознанија, тој всушност собирал приказни од пријателите трговци, кои навистина стигнале до Кина, Монголија и Јапонија во 13-ти век. Тој наводно,  нивните приказни ги слушал и ги запишувал внимателно, а потоа ги средил сите свои записи и направил книга со своите наводни авантури и патувања.

Она што ги навело овие археолози да се посомневаат во автентичноста на неговите патешествија биле многубројните неточности и нелогичности во податоците, и наведуваат дека на пример, не ги опишал точно обидите за инвазија на Кублај Кан на Јапонија.

„Многу од работите се измешани, некои детали немаат логика. Мешани се податоци со две, три патувања“, изјавил еден од археолозите и се запрашал како е можно Марко Поло да направил грешка за времето на еден настан за цели седум години.

Инаку, многу археолози од целиот свет се сомневаат во веродостојноста на делата на патеписецот Марко Поло, меѓу кои и британскиот научник Френсис Вуд, која исто така го тврди истото што и нејзините италијански колеги.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma