Нозе тешки 90 килограми! :(

popara7 ноември, 20111min00
no

Менди Стеларс е 36 година жена тешка околу 130 килограми, што не би било толку чудно ако нејзиниот горен дел од телото не тежи 35 килограми, а остатокот од килограмите се во нозете и стапалата.

Оваа жена страда од ретка болест (Proteus Syndrome), кој предизвикува атипичен раст на коските, кожата итн. Кај Менди овој проблем е во неверојатната диспропорција на нозе и стопала.

Неодамна на девојката и соопштиле дека едната нога и е инфицирана и дека ќе мора да се ампутира. Но, не поминало многу време по операцијата, а ногата повторно почнала да расте.

Менди спаѓа меѓу 120-те луѓе во светот кои страдаат од оваа мистериозна болест, но таа силно верува дека ќе се пронајде лек.

„Има луѓе на кои им е многу потешко од мене. Јас имам живот и го живеам најдобро што можам. Фокусирана сум на тоа повторно да проодам и да се борам за мојата самостојност“, изјавила Менди, која своите искуства ги споделува на нејзиниот сајт.

httpv://www.youtube.com/watch?v=9Tg1KjRq4fI

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag