Објавени нови фотографии од изолирано бразилско племе!

24 ноември, 20110
b

Британска лоби група, Survival International,  која ги штити племенските народи, објавила фотографии од изолирано племе Yanomami кое се наоѓа во шумите на Амазон во Бразил.

Оваа невладина организација предупредува дека на племето му се закануваат опасности од илегалните копачи и трагачи по злато на нивна територија.

Асоцијацијата објавила дека во последните 20 години работи напорно за да ја заштити најголемата доморотска територија во шумите на Амазон.

„Овие фотографии покажуваат колку е важна територијата и заштитата на Yanomami, од илегалните копачи на злато кои многу го оштетиле племето во текот на 80-тите години“, навела организацијата.

„Многу племиња, вклучувајќи ги и  Yanomami, со кои немаме остварено контакт и понатаму се во опасност и нема да се откажеме од тоа да ги заштитиме. Цената на златото е во пораст, а тоа значи дека се повеќе копачите ќе се враќаат, а ние мораме да бидеме подготвени“, изјавил директорот на Survival International, Стивен Кори.

Една од групите на племето Hutukara соработувала со Survival, а од оанизацијата изјавиле дека автор на овие фотографии е аматерот Морсамели Ирамари. Според големината на заедничките  колиби, се претпоставува дека оваа група брои околу 38 лица.

Научниците претпоставуваат дека постојат околу 70 нелоцирани племиња во Бразил, а дека во светот постојат околу 100.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi