Обновете ја страста за пет минути

popara14 јуни, 20111min00
strastnaslovna

Кога брачниот партнер ќе поченете да го доживувате повеќе како пријател отколку како сексуален партнер, треба нешто да превземете. Тоа е првиот знак кој покажува дека вашата врска води кон монотонија и знак кој покажува дека страста згаснува.

Добрата вест е дека има едноставни трикови за кои ви требаат пет минути во денот, за да ја вратите страста на ниво на кое била на почетокот од врската.

За време на вечерата погледнете го право во очи. Задржете го погледот со кој ќе му доловите што се ви поминува низ галвата. Тоа повеќе ќе му значи отколку да му ја подадете чинијата со салата. Погледот е моќна алатка за разгорување на страста.

Смислете сигнали со кои ќе му покажете дека го посакувате. Нежен доприр или мал провокативен поглед, додека сте со друштвото ќе му навести дека вие нешто сакате да се случи оваа вечер.

По вечерата изберете филм во кој има моменти на страст и секс. Покажете му дека сте тука и вие исто така може да доживеете некој филмски момент.

За време на работните обврски и стресните моменти помислете на партнерот и на некој убав интимен момент. Тоа многу ќе ве поврзе со партнерот. Кога би му го покажале тоа со некаков разговор или смс порака ќе го направите првиот чекор од предиграта.

Смислете заеднички јазик кој ќе го разбирате само вие двајца. Па за време на заедничката вечера со пријателите или со своите родители, разменете си по некоја реченица која никој нема да ја разбере. Дајте го воведот на она што следи кога ќе останете сами…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag