Пејачката Џенифер Лопез овој викенд настапила на АМА наградите, каде во дел од нејзината сценографија бил вклучен и еден автомобил од нејзиниот спонзор, станува збор за моделот Фиат 500. Голем број на луѓе ја осудиле, верувајќи дека овој начин на рекламирање е премногу нападен и невкусен, па дури и пејачот Џон Леџнд на Твитер го опишал како срамотен, но лутите фанови не биле единствениот проблем на убавата пејачка.
http://www.youtube.com/watch?v=0ZMgNNrmC98&feature=player_embedded
Додека се обидувала да влезе во автомобилот, бравата не сакала да се отвори, па Џенифер морала да ја турне глава низ прозорецот и да ја отвори вратата од автомобилот, со цел да влезе во него. Всушност, Џенифер претходно била збунета од непознат обожавател кој истрчал на бината со цвеќе во раката, но обезбедувањето веднаш реагирало и го отстранило од бината.