Од Ајфелова кула ќе прават џунгла?! :)

1 декември, 20110
2712322

Иницијатори на проектот сакаат да ја прекријат 327 метарската метална конструкција со 138 тона зеленило, односно 600.000 билки.

Група француски архитекти и инженери предложиле Ајфеловата кула, познатиот париски споменик кого го посетуваат повеќе од седум милиони луѓе годишно, за четри години да се претвори во вистинска зелена џунгла. Покрај естетски, овој проект би добил симбол на екологија и постојан развој.

Иницијаторите на проектот сакаат со 138 тона зеленило да го прекријат споменикот од 327 метри, а целиот проект кој бара и посебен систем на наводнување, би чинел околу 72 милиони евра.

Инженерите  и архитектите во моментов ги разгледувале најдобрите решенија, а својата макета за еколошката Ајфелова кула треба да ја претстават наредната недела. Ако се оди добро, засадувањето на билките би почнало во 2012 година, а целиот проект да се заврши до 2014 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi