Од Фејсбук директ во бордел! Внимателно со социјалните мрежи!

15 август, 20110
facebook-bordel

Германката Мона (15) преку интернет запознала еден Пакистанец (25) и набрзо лудо се заљубила во него. Тој ја натерал да се проституира.

Младата Германка Мона (15) доживеала вистински пекол, кога преку фејсбук запознала еден згоден Пакистанец (25). Цели денови и поминувале во разговор со него, а набрзо се слушнале и по телефон.

После неколку недели Мона одлучила да побегне од дома и да се пресели кај новиот “дечко”. Во почетокот на мај таа и рекла на мајка си дека ќе оди кај некоја пријателка и потоа воопшто не се вратила дома. Очајната мајка повикала полиција, која дури по неколку месеци успеала да ѝ влезе во трага на младата бегалка и на Пакистанецот кој по сè изгледа и порано мамел девојки преку интернет и ги терал да се проституираат.

Полицијата на интернет пронашла страна на која се нудат слики од девојки за придружба. Една од нив била и Мона. Дечкото оваа операција ја водел од Хановер. Таму била пронајдена и Мона која директно била однесена во болница на испитување.

Но тоа не е сè! Пред девет дена, Мона побегнала од клиниката и полицијата сеуште ја бара.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *