Од машки агол: На што може да им се завидува на жените?

13 јули, 20110
naslovnamashkiagol

Иако ние мажите сме најблизу до совршенството и од него не дели само зависноста од жените, постојат неколку работи на кои можеме да им позавидиме на жените.

На тоа што нè имаат нас

Тука сме да им простиме и да ги поправиме сите нивни гршки, да ги дотераме нивните несовршености и да разбереме дека тие се сепак само жени. Тука сме да го преместиме креденецот, да го поправиме она што се расипало, да им ги задоволиме каприците ои да ја пронајдеме нивната Г-точка (кога можеме). Накратко, што ќе прават тие без нас…

На тоа што живеат подолго

Така е, драги наши. Научно е докажано дела жените живеат 5-10 години подолго од нас. Се прашувате зошто? Па бидејќи просечно гледано толку долго ни го јадат џигерот, д ание не би можеле подолго и да сакаме.

На тоа што можат да го смотаат сообраќаецот

Ако вие му намигнете на сообраќаецот или му пратите заводнички поглед, освен дупло поголема казна, најверојатно ќе го осетите пендрекот н аглава, раце, нозе… Всушност, познато е дека тие не бираат кога тепаат. Меѓутоа, кога тоа ќе го стори жена, се и е простено…

На тоа што можат да одглумат оргазам

Иако некои од нас се прават важни, па самоуверено тврдат дека можат да одглумат оргазам, тешко ни е да поверуваме во тоа. Кога станува збор за жените, пак, тешко е да се поверува во спротивното, дека не глумат. Како да препознаеме дека глуми? Хм, па тука нема многу помош за нас.

На повеќекратните оргазми

Некои од нас можат повеќе пати по ред да доживеат оргазам, но по ред. Жените, апк, ја имаат можност во текот на еден сексуален однос да доживеат повеќекратни оргазми.

На тоа што им е полесно да нè задоволат

Да се задоволи маж и да се задоволи жена, што мислите што е полесно? Ќе бидеме “пластични” во објаснувањето. За жената да го задоволи мажот, треба само да протрие и да продолжи да трие. Ако сака може да се соблече, ама не мора ако не сака. Ќе не задоволи во секој случај. За мажот да ја задоволи жената, прво мора да ја мува додека не поцне да моча крв. Кога конечно че ја смува, мора да размислува за идеален термин за секс. Кога тоа ќе го утврди, мора одоколу да и пристапува. Тој не може само да протрие и да продожи да трие. Барем ако целта му е да ја задоволи. Мора да ја одработи предигрта, да ги знае сите детали на предиграта, предиграта да треа најмалку 10 минути, да направи совршена рамнотежа од ритам, темпо и брзина, потоа според процентот на влажноста на женскиот полов орган да оцени гога е време за влез, но и тогаш ништо не е готово. Полн ефек ќе постигне ако ја најде Г-точката. И сега  на ред доаѓаат положбите. Мора да се и да ја вртиш, дигаш, спушташ, превртуваш, ротираш… Една крата циркуска точка со акробации. А ако сте налетале на подоминатна дама, треба да истрпиш малку камшикување, плескање или боцкање со штикли. И, ви ја уништивме ли желбата за секс?

 На тоа што имаат гради

За разлика од нив, нам големината не ни е битна. Се додека се гледат и можат да исполнат просечна машка дланка, колку и да се големи ДОБРИ СЕ. А зошто им завидуваме на нив? Бидејќи сме убедени дека имаат хипнотичка моќ која делува како висок или поглед на кобра. Но, добро завси и дали си тип кој паѓа на грди или задник.

На тоа што со шминка можат да си покријат недостатоците

Колку пати досега ви се случила Доктор Џекил – Мистер Хајд ситуација, си легнувате со убавицата, а се будите покрај зверот. Шминката е ѓаволски изум, слушајте не внимателно. Тука не е се чисто…

На тоа што се поубавиот пол

Што и да зборуваме и колку големи шовинисти и да сме, женската убавина е немерлива во споредба со машката. Дури и најгрдата знае како да заведе убав маж, а мамката да не бидат пари, добар автомобил или директорско место. Жените се неверојатни…

 На тоа што нè имаат

Да ја забележиме и воздигнеме нивната убавина, да ги усреќиме кога ќе почувствуваат дека се привлечни, потребни и посакувани. Всушност, зарем тоа не е смислата на машко женските односи. Заедно да создаваме целина?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi