Од многу Facebook ќе станете нарциси?!

popara11 август, 20111min00
fb

Докторот Лери Роузен од државниот универзитет во Калифорнија предупредува дека премногу време на Facecebook може да доведе до различни форми на асоцијално однесување кај младите.

Во истражувањето под наслов Како социјалните мрежи можат да помогнат и напакостат на нашите деца (Poke Me: How Social Networks Can Both Help and Harm Our Kids), доктор Роузен предупредува дека честото користење на Facebook кај тинејџерите може да доведе до развој на нарцисоизам.

Покрај тоа, прераната активност на Facebook може да доведе до помали и агресивни тенденции, асоцијално однесување, но и проблеми со спиење, болки во стомакот и депресии.

Истражувањето ито така покажало дека децата од различна возраст кои повеќе користат социјални мрежи имаат проблем со концентрација и потешко можат да се сконцентрираат на учење.

Сепак, не се сите онлајн активности негативни, а Роузен истакнува дека младите на овој начин развиваат виртуелна емпатија према своите Facebook пријатели, а интровертните адолесценти можат полесно да се социјализираат со користење на социјалните мрежи.

Препораката која доктор Роузен ја дава на родителите гласи: „Доколку мислите дека морате да користите некој програм за да ги контролирате активностите на вашето дете на социјалните мрежи, губите време. Вашето дете ќе најде начин тоа да го заобиколи. Морате да почнете да разговарате сза правилното користење на технологијата рано и често како би изградиле доверба, па кога ќе се појави проблем, вашето дете на вас да ви се обрати“.

Роузен своите заклучоци ги има изведено на основа на 15-минутно посматрање на тинејџери при учењето, како и повеќе анкети спроведени на околу илјада адолесценти.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag