Виршлите штетни колку и цигарите

11 август, 20110
virsli 1

Американците се во шок, бидејќи научниците им советуваат дека нивната омилена храна, хот-дог, е штетна колку и цигарите.

Според предупредувањето од страна на лекарскиот одбор, хот-догот ќе го уништи вашето здравје. Виршлите се американски симбол кој може да се најде на секој чекор, исто така омилена храна на спортските натпревари. Одборот се обидува да создаде свест за поврзаноста на хот-догот со ракот на дебелото црево.

Низ Америка се појавија билборди на кои се гледаат виршли како излегуваат од кутија цигари, а до нив стои натпис: “Виршлите можат да го уништат нашето здравје“.

Исто така, научниците укажуваат дека хот-догот треба да се продава со предупредување, нешто слично како на цигарите, што би им помогнало на корисниците да го разберат ризикот за здравјето од нив. Меѓутоа, не се согласуваат сите научниците по ова прашање.

Според податоците на институтот за истражување на ракот, дневното внесување на 50 гр порција преработено месо, што е еднакво на една виршла, го зголемува ризикот од рак на дебелото црево во просек за 21%.

Со оглед на тоа дека околу 143 000 Американци годишно заболуваат од рак на дебелото црево, а околу 53 000 умираат, тие би требало сериозно да го ограничат внесувањето на месни преработки како што се виршлите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi