Од робија, директ Цирих:))) Епа нема Цеца да оди во манастир:))

1 ноември, 20110
rep-ceca

Штом ќе ja отстрани бразлетната, Цеца лета за Швајцарија! Светлана Ражнатовиќ ќе настапи на отворањето на дискотеката “Бангкок” во Цирих, на 24 февруари 2012 година, само два дена по завршувањето на куќниот притвор, пишуваат некои српски медиуми!Се шпекулира дека Цеца за таа вечер ќе заработи 35,000 евра.

Виктор Станевски, еден од сопствениците на дискотеката, не сакал да прецизира околу финансискиот дел на договорот, но го изјавил следното:

– Точно е дека сме во завршна фаза со преговорите, но повеќе информации за концертот ќе бидат достапни кога официјално ќе го потпишеме договорот – изјавил Станевски.

Планот на Цеца бил да се врати на сцената со концерти во Западна Европа и Скандинавските земји. Но Цеца разгледувала опции да настапи и во Југоисточна Европа. На крајот да заврши со голем концерт во Белград, по се изгледа на Маракана, пишуваат српските таблоиди. Исто така Цеца на големо размислувала да запее и во Америка и Австралија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *