Еден од најсилните земјотреси кои некогаш го зафатиле источниот брег на САД, ги натера граѓаните на панична евакуација од облакодерите во Вашингтон, па дури и од Њујорк.
Земјотрес од 5,9 степени по рихтер кој бил само еден километар под површината на земјата, бил почувствуван на 139 километри од Вашингтон. Поради страв од уште еден потрес биле евакуирани многу згради во Вашингтон и неговата околина, вклучувајќи го и Пентагон.
Паниката придонела да има блокада на мобилните оператори.
Овој земјотрес не е неочекуван, но сигурно е еден од најголемите кои сме ги имале во изминатите десетици години, изјавил Луси Џонс, портпарол на У. С. агенција за геолошки појави.
Потресот со својата јачина, изненадил многумина, особено оние кои биле во близина на епицентарот. Илјадници њујорчани излегле на улиците и ги прателе евакуациските процедури, кои биле воведени по случувањата на 11-ти септември.