Сури Круз цела во солзи … и го нема ќебенцето :)

24 август, 20110
suri 2

Иако многумина славното 5 годишно девојче го прогласуваат за новата модна икона, сепак на крајот може да се каже дека таа е само мало девојче чии желби мора да ги исполнат мама и тато.

Кети Холмс ѕвездата на тинејџерската серија „Dawson’s Creek“ дојде во Њу Јорк заедно со својата пет годишна ќерка Сури за да го промовира својот нов филм „Don’t Be Afraid Of The Dark“.

За краткиот пат од холот на хотелот во кој престојуваа, секогаш убаво облечената Сури морала со себе да ги носи и своите играчки.

Приближувајќи се до бучниот хеликоптер, најверојатно од страв од бучавата малата Сури се фрли во прегратките на мајка и.

Секако со нив беше и дадилката задолжена за позитивното расположение на малата убавица и за носењето на играчките кои Сури ги обожава.

Но кога седна во хеликоптерот, ќерката на Том јасно си кажа зашто плачела. Причината не била бучавата од хеликоптерот, замислете и го немало омиленото ќебенце  блиску до неа!!!!! Настанала „паника“

Иако има полн орман со дизајнерски и модни парчиња облека, таа грчевито плачејќи запнала – ДА И СЕ НАЈДЕ ЌЕБЕНЦЕТО И ТОЧКА!!!!

Мајка и се трудеше да ја смири меѓутоа сите напори беа залудни. Солзите престана откако алармираните членови на персоналот го пронајдоа и и го донесоа за нејзе најбитниот „моден детаљ“ тој ден!!!!

Среќна и насмеана Сури, после грчевитото плачење ги поздрави насобраните обожаватели и фотографи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit