Паничните стравови не се резервирани само за “обичните” луѓе. И познатите имаат стравови, исто како и секој нормален човек.
Поголемиот дел од луѓето уживаат во набљудувањето на преубавите пеперутки, но кога тие ќе се доближат до Никол Кидман, таа панично реагира.
Меган Фокс има лошо чувство кога допира хартија. Затоа таа има голем проблем кога треба да прочита некое сценарио. Секогаш кога треба да чита поголем текст, и да има многу хартија во рацете, таа до себе има една чинија со вода, каде ги мокри прстите пред да ја допре хартијата.
Том Круз има паника да не случајно му опадне косата. Иако важи за еден од најсексипилните актери на денешницата, тој не престанува да седи пред огледало и да гледа секој ден дали косата почнала да опаѓа.
Били Боб Тронтон никогаш нема да може да престојува во хотел кој иа страински мебел. Тој има фобија од мебел кој е направен од педесетите. Но, ова не е прв ваков случај. Ваков проблем имаат уште 250 илјади американци.
Колку и да изгледа моќно на сцена, Мадона има страв од грмотевици. Штом го слушне тој звук, таа трча право под кебе.
Ова не се единстевните од шоубизнисот, исто така и Метју Меконаи се паничи ској пат кога треба да влезе во некој тунел.
Орландо Блум пак се ужаснува од свињи, а Кели Озборн не поднесува кога некој ќе ја допре.