Даниел Крег сака да има брачен кревет за време на снимањето на новиот филм за Џејмс Бонд, за да може неговата сопруга, Рејчел Вајс секогаш да биде со / до него. Но, тоа не е сé!
Актерот Даниел Крег (43 години) вели дека ќе биде многу посконцентриран на неговата улога бидејќи нема да има потреба да патува често за да се види со неговата нова сопруга Рејчел Вајс (40 години), со која се ожени во јуни оваа година.
За ѕвездата на филмскот серијал Џејмс Бонд, ова е втор брак. Од бракот со Фиона Лоудон, кој траеше од 1992 до 1994 година ја има 19-годишната ќерка Ела.
Но, не бараше само брачен кревет, всушност бараше да му се обезбеди личен тренер, пристап до теретана, двајца чувари и апарат за кафе, односно кафе од Јужна Африка.
Неименуван извор вели дека актерот е во одлична форма.
Инаку, новиот филм “Skyfall“ на 26-ти октомври 2012 година ќе биде прикажан во Велика Британија.
httpv://www.youtube.com/watch?v=v_lpE1jvU7A