Од утре “Баскерфест“ ќе се потруди да ги отргне скопјани од политичкото секојдневие

popara2 јуни, 20111min00
b
Од утре па се до 12-ти јуни по скопските улици ќе може да се осети уличната магија на сите акробатски случувања и музички перформанси. По шести пат, “Баскерфест“ или фестивалот на улична уметност десет дена ќе ги забавува скопјани, ќе им понуди околу триесетина различни настапи изведени од различни учесници дојдени од 15 земји од светот.
Покрај интернационалните, ќе се претстават и домашни артисти, а се најавени возбудливи спектакли како н апример самозапалување, акробати, и многу други егзибиции.
Овогодинешното свечено отворање на “Баскерфест“ ќе започне со впечатлива изведба во рамките на Веро центарот со спектакуларниот настап на Абликим, одење по жица, што ќе биде дополнителена уметност, кој што ќе ја загрее атмосферата за деновите кои следуваат.
Организаторот на фестивалот Пане Темов го изрази задоволството дека е среќен што оваа година имаме дури 16 пријавени уметнци од нашата земја во споредба со првиот “Баскерфест“, кога од Македонија имало пријавено само три артисти.
Главните случувања ќе се одвиваат на Плоштадот Македонија, Стара чаршија и Веро центар.
Манифестацијата е во соработка со Град Скопје, Министерство за култура и општина Чаир. По завршувањето на уличните егзибиции низ Скопје, “Баскерфест“ се сели во Сплит, Шибеник и Будва.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag