Одберете го вистинскиот шампон за вашата коса

28 јули, 20110
zdrava kosa

Големиот избор често може да збуни. Од толку различни шампони на полиците, како да го одберете најдобриот за вашата коса?

Цената не гарантира дека шампонот ќе одговара на типот на вашата коса, бидејќи поскапото не значи секогаш подобро и поздраво. Освен што ќе го пробате, за квалитетот на шампонот можете да дознаете и на основа на неговиот состав. За да го купите најдобриот шампон за вас, на етикетата побарајте ги следните состојки:

Масна коса: состојки како масло од чајно дрво, лимоново масло, рузмарин, жалфија, коприва и камилица.

Тенко влакно: погледнете дали шампонот содржи пантенол, кој помага влакното да се здебели и вашата коса да добие волумен.

Сува коса: Густите, проѕирни шампони обично се побогати со состојки кои ќе ја зголемат масноста на вашата коса. За сува коса особено се добри шампони што содржат ореово масло и масло од пченични зрна.

За почиста коса: сурфактанти се соединенија кои ја чистат косата и најчесто доаѓаат од кокосово масло, палми или соино масло. Нивната молекуларна структура овозможува површински да се отстранат масните супстанци. Шампонот што добро ја мие косата ќе го препознаете ако на позадината од пакувањето најдете некои од овие сурфактанти (алкил моноглицерид, алкил сулфосуцинат, амониум сулфат лаурил, кокамидопропил, кокамид ДЕА или МЕА или ТЕА, кокамидопропил бетан, лаурамид ДЕА, олеалкониум хлорид, натриум сулфат лаурил, натриум сулфат лаурил етер, тетрасодиум).

За подобар изглед на косата: соединенијата кои ја разубавуваат косата обично се амин-оксид, лимонска киселина, цетил, олеил или стеарил алкохол, глицерин, изопропил палмитат, ланолин, пантенол, силикон…

На етикетите со состојки задолжително треба да се најдат и конзерванси (имидазолидинил уреа, идопропинил, натриум бензоат) кои ја чуваат трајноста на органските состојки кои ги има во секој шампон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi