Ограбиле продавница, а потоа сликите со пленот ги ставиле на Фејсбук! :)
23 декември, 20110
Само еден час откако ограбиле продавница во Питсбург четворица тинејџери се фотографирале со пленот, а потоа фотографиите ги поставиле на фејсбук. Веројатно младите бандите не знаеле дека и полицијата ги користи друштвените мрежи.
Полицијата на популарната социјална мрежа ги пронашла фотографиите од тинејџерите кои позирале, а во рацете имале околу 8000 долари.
Тројца од крадците биле уапсени, а се на возраст од 14 до 17 години и обвинети се за кражба. Четвртиот соучесник има 18 години и единствено тој бил задржан во полиција, а другите биле ослободени.