Октоподот Пол доби споменик, одкако се стекна со светска слава погодувајќи ги резултатите од Светското фудбалско првенство во Африка. Споменикот се наоѓа во аквариумот во кој живееше Пол. Аквариумот „Морски живот“ во Оберхаусен во четвртокот откри пластична копија на октоподот Пол со висина од 1,8 метри, која со своите пипки држи фудбалска топка. Во топката се наоѓа урина, во која се наоѓа пепелта од кремираниот октопод Пол, изјавила портпаролката на аквариумот, Тања Мунзиг.