
Вејн Руни и неговата сопруга Колин, повторно се на мета на британските медиуми. Парот деновиве одмара и се опушта на концертите на Glastonbury, но очигледно не се во добро расположение.
Кога дошле едно момче и една девојка да се сликаат со нив, Колин се разбеснела бидејќи не можела да поднесе веќе да гледа како Руни се слика со девојки покрај себе. Руни ги замолел да ги остават барем пет минути. На тоа изреагирале неговите пријатели и ги нападнале момчето и девојката кои сакале да се сликаат со Руни.