Во шоуто на Пирс Морган на Си Ен Ен, гостинката Опра Винфри зборуваше за своето детство, приказна која воопшто не наликува на нејзиниот сегашен живот. Опра призна дека била сексуално злоставувана уште од 9 годишна возраст. На 14 години таа останала бремена. Бидејќи сѐ се случувало без нејзина желба таа сакала да го загуби бебето. Со таа цел почнала да пие детергенти, само да ја постигне целта, па дури и по цена да го загуби сопствениот живот. Бременоста ја криела но не за долго. Нејзиното признавање и соочување со сексуалното злоставување резултирало со предвремено породување и губење на бебето. Тоа, таа го сфатила како втора шанса за животот. Сепак, сите овие проблеми од детството и помогнаа да биде она што е денес. Голем човек кој помага на многумина на кои им треба помош.