Ослабете без стрес

18 август, 20110
dietabezstres

Дали некогаш сте држеле диета без притоа да се чувствувате како цел свет да е против вас?

Епа постои и такво нешто. Еве што треба да направите…

Најпрво треба да одберете вистински намирници кои ќе ви помогнат во постигнувањето на целта. Изборот треба да се сведе на здрави и хранливи состојки во комбинација со физичка активност. За време на оваа диета избегнувајте алкохол, кофеин, масно месо, масни грицки, рафиниран шеќер и скроб. Диетата може да ја држите колку сакате а разните намирници да ги комбинирате според вашата желба и потреби.

За појадок… палачинки од интегрално брашно, свежо овошје, омлет од белки, интегрален тост, житарки со многу растителни влакна, банана, обезмастено млеко, варено јајце и кафе, интегрален леб со колбас од соја или овошен јогурт збогатен житарки.

За ручек…бистра супа, мисиркино месо, салати од домати,краставици, марула зачинета со маслу оцет и маслиново масло, грашок, цвекло или спанаќ со бистра супа, салата од туна, зеленчук и интегрални тестенини  или бистра супа, сендвич од интегрален леб со туна или мисиркино месо, кајгана со спанаќ и домат.

За вечера…пилешко или риба на скара, печени пиперки и интегрален ориз или друг варен зеленчук, морска храна или риба или пак говедски стек на скара, печурки, пире, мешана салата, зелена салата зачинета со оцет и маслиново масло.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma