Ослободете се од првутот со помош на домашни рецепти
Доколку не ви се допаѓа употребата на производи наменети за нега на коса кои се полни со хемикалии и сакате природен начин да се ослободите од првутот, ви препрачуваме неколку „домашни рецепти“ кои ќе ви дадат одлични резултати.
Кисело млеко: Киселото млеко е одличен адут во борбата со првутот. Нанесете кисело млеко на скалпот 15 минути пред бањање.
Сок од лимон: Истријте го скалпот со сок од лимон откако ќе ја измиете косата со шампон, па добро исплакнете. Сокот од лимон е добар лек против првутот предизвикан од мрсната кожа.
Цвекло: Сварете 2 цвекла во вода. Масирајте го скалпот со водата секоја вечер пред спиење. Вашата коса ќе стане сјајна и здрава, иако можно е да имате дамки од цвеклото на перницата.
Оцет: Помешајте 50 мл. оцет и 50 мл. вода. Од овој лосион втријте го врз скалпот со памукче. Повторувајте ја постапката барем дба пати неделно.
Камилица: Сварете чај од камилица и оставете го да се излади. Откако ќе ја измиете косата, исплакнете ја со чајот од камилица, кој го спречува пукањето на врвовите и помага во борбата против првутот.