Откриена ѕвезда со температура на човек!!! Најладната до сега!!!

popara26 август, 20111min00
Najladna dzvezda

Преку телескопот на НАСА, Wise, е снимена најладната ѕвезда до сега. Нејзината температура е слична како онаа кај човекот.

Wise преку своите инструменти за снима вселената во инфрацрвен спектар, додека со нормалните телескопи не е возможно тоа. Ѕвездата која е откриена, е именувана како WISE 1828+2650, а припаѓа во класата на ѕвезди- кафени џуџиња, односно Y-класа на ѕвезди.

Оваа класа астрономите знаат да ја наречат и класа на „пропаднати ѕвезди“, бидејќи не знаат конкретно кои бои се наоѓаат во спектарот. Дел од кафените џуџиња, како што откриле астрономите, сепак имаат повеќе црвенкаста боја. Температурата која им е измерена е еднаква на онаа како на нашите греалки.

Што се однесува до Y џуџињата, тие ѕвезди имаат почетен животен циклус како и останатите ѕвезди , но и пропаѓаат под сопствената тежина. Тие немаат доволна маса за да се покрене во нивното јадро термонуклеарна фузија, па затоа се ладат. Нивната атмосфера е послична со таа на Јупитер отколку со таа на другите ѕвезди.

Како што досега научниците имаат откриено 9 класи на ѕвезди, ќе мора и да ја додаат и оваа како нова 10-та класа. Како за информација нашето Сонце припаѓа во G класата на ѕвезди а редоследот е O, B, A, F, G, K, M, L, T и најновата Y.

 

 

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma