Откриени фосили стари околу 3,4 милијарди години! Браво за геолозите! :)

popara23 август, 20111min00
fosili

Научници пронашле фосили на најстарата плажа на светот, Стрели Пул во Австралија. Се верува дека се работи за микроскопски бактерии кои преживеале без кислород.

Тим на австралиски и британски геолози откриле фозилизирани, едноклеточни организми стари 3,4 милијарди години. Тврдат дека тоа се најстарите познати фосили на Земјата, пренесува Today. Научниците ги пронашле во песокот на најстарата плажа на светот, Стрели Пул во западна Австралија.

Се верува дека се работи за микроскопски бактерии кои на почетокот на создавањето на нашата планета морале да се прилагодат и да преживеат без кислород. Живееле на сулфур кој бил исфрлуван од вулканите, изјавил др.Дејвид Вајси од Универзитетот на Западна Австралија за магазинот Nature Geoscience.

Геолозите се надеваат дека со ова откритие ќе потврдат дека животот на Земјата еволуирал изненадувачки брзо откако група астероиди удриле на планетата. Понатамошните истражувања на овие најстари светски организми не само што ќе им помогнат на научниците да сознаат повеќе за почетокот на животот на Земјата, туку и исто така ќе помогнат за пронаѓање на живот негде надвор од Земјата.

Идните мисии на Марс може да се водат на древната плажа и песокот од реката кој се претворил во камења со трагови од примитивен живот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag