Верувале или не, најстариот алигатор на светот живее во Белград! :)

23 август, 20110
aligator_418930S1

Во Белград живее најстариот алигатор на светот. Оваа титула алигаторот Мујо ја добил откако во зоолошката градина во Рига, Литванија, на својата 75 година загина алигаторот Чабулитис, кој до тогаш беше носител на старосниот рекорд.

Експертите од областа на влекачи, со воодушевување го следат животот на Мујо зошто неговата долговечност ќе ја постави горната граница на должината на животот на влекачите од овој „калибар“, за кои научниците не можеле да ја утврдат во самата природа.

Алигаторот Мујо во Белграската зоолошка градина пристигнал по година дена од нејзиното основање, во септември 1937 година, заедно со уште еден алигатор. Не е познато од која зоолошка градина потекнува, но со сигурност се тврди дека пристигнал од Германија. Податоците од архивата велат дека Мујо наводно има преку 75 години.

Мујо е еден од ретките во зоолошката градина кој ја има преживеано Втора светска војна, дури по двете бомбардирања на градот, со што зоолошката градина била тотално руинирана. Исто така бил и сведок на големата криза, како и на НАТО нападите во 1999 година која беше прилично стресна дури и за животните во зоолошката градина.

Но и покрај сето ова, Мујо е во одлична кондиција, и сето тоа што го прживеал воопшто не влијаело на неговиот апетит, изјавуваат претставници на зоолошката градина. Се храни еднаш дневно, а конзумира од пет до шест килограми месо.

Името на Белградската влекачка легенда се споменува во многу истражувачки трудови посветени на неговата сорта. Најчесто се наведува дека скоро е невозможно да се постави горната граница на животот на американскиот алигатор, бидејќи долго време биле загрозена врста и на работ на истребување. Најголемиот број од ретките животни биле мета на најстравствените ловокрадци па затоа и не не чуди интересот за алигаторот и неговиот светскиот рекорд во долговечност.

Поради комплетна реконструкција, Мујо морал привремено да го напушти својот базен. Како што велат вработените, сега ќе може Мујо да ужива, како што и му доликува на еден најстар жител на зоолошката градина, но и најстариот алигатор на светот : под идеални услови!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *