Откриено од каде е водата која на Сатурн му дава сјај

popara30 јули, 20111min00
saturn

Научниците успеале да решат 14 години стара загатка, од каде во некои делови на атмосферата на Сатурн стигнала вода. Откриле дека таа паѓа од месечиата Енкелад. Ова е прв познат случај во кој месечината влијае на составот на својата матична планета, барем во Сончевиот систем.

Компјутерските модели, кои се поставени за набљудување во вселенската опсерваторија Хершел покажале дека скоро 5% од водата која ја исфрла Енкелад, паѓа на Сатурн. Остатокот се расфрла низ универзумот, на други месечини или се замрзнува во прстените на Сатурн, објавила Европската вселенска агенција, а пренесува New Scientist.

Дијаметарот на Енклад е само 500 километари покриен со мраз. Експертите на неговата јужна хемисфера откриле големи вулкански води, а бројни се и истражувањата дека и под неговата површина може да има течна вода. Тие вулкани исфрлаат и по 250 килограми вода во една секунда.

„Ние на Земјата немаме ништо слично. Тоа е единствено одбележје на Сатурн“, изјавил Пол Хартог, раководител на истражувањето од Институтот Макс Планк во Германија.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma