Откривање на тајните за Илуминатите

2 ноември, 20110
NASLOVNA - ILUMINATI

Кои се Илуминатите?

Од својот самиот почеток Илуминатите беа тајно друштво кое беше основано во 1776 година од страна на професорот Адам Вајсхаупт со потекло од Баварија. Неговата цел беше да се укине организираната религија и сите светски влади и да го понесе човештвото во Нов светски поредок управуван од апсолутниот разум. Но, нивните планови многу бргу беа откриени од страна на Баварската влада и Илуминатите беа принудени да работат во уште поголема тајност.

За нив не се знае многу после ова прогонство, но теоретичарите кои ги истражуваат светските заговори веруваат дека тие се уште постојат и работат зад сцената на секоја светска политика. Дел од светските заговори за кои се верува дека биле реализирани од страна на Илуминатите се: Француската револуција, двете светски војни, комунизмот и формирањето на Обединетите нации и на Европската унија како средство за централизирање на светот под еден Парламент, еден Устав и валута.

Илуминатите, денеска претставуваат синоним за Совет за странски конекции и врски, експертска група од богати банкари, познати научници и влијателни политичари. Се верува дека нивната цел е создавање на Нов светски поредок, на секуларна светска влада во која Обединетите нации би ја замениле денешната полиција.

Никој не може да го докаже постоењето на Илуминатите, но теоретичарите кои се занимаваат со истражување на  светските заговори, секојдневно го гледаат нивното влијание.

Утре продолжуваме со новиот фелјтон – Откривање на тајните за Илуминатите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi