Отворен е “Ferrari World”

18 октомври, 20110
0

Можеби никогаш нема да добиете шанса да седнете зад воланот на Ferrari – Формула 1 автомобил, но доколку го посетите новоотворениот, најголемиот тематски парк во светот, ќе имаате можност да го почувствувате забрзување што го нуди.

Две секунди за спринт до 100 km/h и максимална брзина од 240 km/h се карактеристиките на Formula Ross – најбрзиот воз во светот, кој посетителите со послабо срце треба да го избегнуваат.

Надворешноста на тематскиот парк, кој се наоѓа на островот Yas во Абу Даби, е моделирана според профилот на Ferrari GT автомобилот и паркот се простира на површина од 200.000 квадратни метри, од кои 86.000 квадратни метри се покриени со логото на најголемото коњче во светот.

Ferrari World официјално ги отвори вратите за посетителите кои ќе ја платат цената на билетите во зависност од висината, така што за оние кои се високи под 150 сантиметри стандардниот билет ќе ги чини околу 45 $, додека оние над 150 сантиметри ќе платат околу 61 $.

Премиум билети по цена од 74 $ , или пак 102 $, покрај користењето на забавните објекти, како што е горенаведениот воз на смртта, ќе им овозможат на посетителите да се релаксираат во баровите, како и плус други бенефиции како што се возење со Fiorano V12, гледање филмови за Ferrari во 3D итн.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi