Ова е ЗЛОСТОРОТ од Осло…Овој сурат најмногу ми личи на “виножито“!!!

23 јули, 20110
323094-anders-behring-breivik

Цела Норвешка  се обидува да дојде до некоја информација повеќе, кои се причините да Андерс Брехринг Бревик во петокот попладне да ги изврши двата најкрвави напади во историјата на земјата.
Бројот на убиените и повредените сеуште точно не се знае. Полицијата потврди дека во бомбашкиот напад во Осло загинаа седум луѓе, а додека на 50 километри оддалечениот остров Утоја убиени се 10 луѓе. Неофицијално бројката на убиени е 40 лица, а се стравува дека вистинските бројки се многу поголеми. Досега за мотивите не се знае ништо, но од некои извори убиецот Бревик се поврзува со десничарски екстремизам. Во недостаток на информации за Бревик, јавноста најмногу информации доби од неговиот Facebook профил. На профилот може да се пронајде дека тој е христијанин по вероисповед, приврзаник е на конзервативната политичка партија и дека се бави спортски со лов и риболов.


Бревик се дефинира себеси како вљубеник во класичната музика, во омилени книжевни дела ги вбројува “Војна и мир” на Толстој, Џорџ Орвел “1984”, “Процес” на Кафка, “Илијада и Одисеја”, “Левијатан” … Покажува интереси за масоните и политички анализи, личности на кои се угледува се Винстон Черчил и Макс Манус (норвешки револуционер од Втората Светска Војна). Сите овие податоци наредниве денови ке бидат анализирани со цел да се добие точна слика за убиецот и неговите мотиви. Неофицијално од анонимни полициски извори се вели дека ова е “изолиран чин на гневен човек”. Во меѓувреме на Facebook со секоја минута се зголемуваат групите кои го осудуваат злосторството кое го направи овој млад човек

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi