Ние жените многу често знаеме да сме критични кога станува збор за мажите и сексот, но треба да знаете дека и мажите исто така не секогаш се задоволни од она што го добиваат во кревет од својата партнерка. А сите многу добро знаеме колку е голема улогата на сексот за една успешна врска…
Знаете ли кои се најчестите грешки во кревет на кои мажите се жалат и кои ние не треба да дозволиме да се случуваат?
Сигурно меѓу вас има вистински виртуози во кревет но има и такви кои се уште не се свесни дека има уште многу да учат. Барем така велат мажите. За да ви бидеме од полза направивме краток список со најчестите грешки кои многу жени ги прават без да се свесни за тоа.
„Не сака да ми прави орална љубов“ Нема маж што не го обожава овој дел од сексот. Со самото одбивање вие го засегнувате машкото его и тој рано или касно ќе најде жена што сака тоа да го прави.
„Укочена е“ Можеби најстрашниот кошмар за секој маж е да налета на жена која изгледа како труп во креветот. Многу често ќе слушнете како мажите се жалат од својата партнерка дека не презема никаква иницијатива за секс, легнва и очекува се тој да направи.
„Многу зборува“ Шегаџиките се многу добро друштво било каде, освен во креветот. Ако сакате нешто да кажете кажете пред или после сексуалниот акт, во спротивно делувате несериозни и незаинтересирани за она што сте започнале да го правите – сексот.
„Се срами од нејзиното тело“ Најсилното оружје на жената во кревет е нејзината увереност. Жената која се срами да се соблече и се обидува да застане така за да не и се видат недостатоците е досадна сексуална партнерка според мажите.
„Не сака да ги менуваме позите“ Во сексот има многу повеќе пози освен мисионерската. Ако не сте знаеле, значи дека вашиот партнер многу често се жали од вас, бидете сигурни!
„Несредена е“ Перфектната депилација, нежната кожа и педикирот се задолжителни елементи за секоја жена која сака да биде идеалната и посакувана секс партнерка.
„Многу гласно стенка“ Некои жени не стенкаат, тие буквално врескаат по време на секс. На мажите ова им делува претерано дури и комично.
„Има ужасна долна облека“ Некои жени мислат дека мажите не обраќаат внимание на долната облека, а брзаат да го откријат она што е под облеката. Но бидете сигурни дека гледаат и дека ќе му направи многу лош впечаток грозната, побелена или очевидно занемарена долна облека. Има мажи кои раскажуваат цели легенди за жени со грозна долна облека…