Скандинавската диета е новиот хит!

20 декември, 20110
0

Оваа диета е создадена од двократниот носител на титулата „Најдобар ресторан во светот“, човекот што се вика Клаус Маер. Неговата филозофија за храната е предмет на 2 годишно проучување во вредност од 20 милиони долари. Се смета дека оваа диета ќе предизвика револуција во хранителната индустрија.

Јадете храна која се произведува во вашиот регион. Клаус Мајер верува дека е најдобро секој да јаде храна што се произведува во неговииот регион како и сезонска храна, бидејќи организмот најдобро ја усвојува и преработува храната од своето поднебје со која израснал.

Домашно приготвената храна е основна. Навиката да консумираме брза храна треба да се искорени и да се замени со домашна едноставна храна – ова треба да создаде еден правилен режим на исхрана кај луѓето кои хранејќи се вака воопшто и ќе немаат потреба од  диети и слабеење. Домашната храна секогаш треба да биде придружена од обилна свежа сезонска салата, а десертите заменете ги со овошје.

Јадете секогаш со разнообразна гарнитура. Колку повеќе, толку по весело и поздраво. Гарнитурата ако е направена од едноставно приготвен зеленчук, е кључот кон правилната исхрана. Според проучувањето обилното јадење на ваква гагнитура е начин да се избегне јадењето од  досада покасно. Кога човек јаде храна со различна форма, вкус и боја потсвесно е убеден доволно јадел и мозокот не праќа сигнали за глад после тоа. Кога вие ќе изедете една обилна салата и гарнитура од лесно приготвен зеленчук, едноставно нема да чувствувате потреба после тоа да јадете многу.

Заменете ги вештачките додатоци со вистинска храна. Полниот со јаглехидрати кечап не е меѓу омилените додатоци на Маер, затоа тој предлага да ги замениме со други додатоци на вкус како на пример кисели краставички, цвекло, или пак домати. Така храната ќе биде многу поздрава и помалку калорична.

Целта на принципите на Маер се не брзо да се ослабне туку да се искорени навиката наречена „нездраво прејадување“ што најчесто се случува после строгите диети и брзото враќање на килограмите кои сте ги изгубиле. Според него диетите кои се темелат на глад се неуспешни во долгорочен план.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma