Ема Стоун, ѕвездата на филмот ”Девојка на лош глас” се почесто се гледа со Пол Макартни. Таа ги посетува сите негови концерти, а во последно време се почесто е зад сцената.
Таа признала дека е воодушевена од Пол. Се запознавме пред две години. Му пратив едно писмо, а тој веднаш ми одговори и во писмото ми испрати три цртежи со црни птици. Јас толку многу се изненадив и се израдував, што една од птиците ја истетовирав на раката. Тоа го направија и моите родители и мојот брат, изјавила Ема.
Оваа постапка го “погодила” Пол, па тој кога и да ја сретне Ема, ја бакнува на местото каде е направена тетоважата.